Калиа Димитрова

ГЛАВНА УРЕДНИЧКА / АВТОРКА

На раскрсница меѓу различните интереси и страсти, кои вклучуваат поезија и есеистика, феминстички/леви/зелени/квир политички теории, возење точак низ град, уредување текстови, но не исклучуваат coming-of-age и chick flick филмови, опсесивно фотографирање на домашното милениче, правење/јадење паста и други. Политичките науки ги надополни со културолошки, а по неколку селења се врати во Скопје. Горда основачка и главна уредничка на Медуза.

So long 2019!

Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.

Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски

ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.

Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротиставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска

Верувам дека нема потреба од вовед кога станува збор за Уранија Пировска. Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, во првите редови во сите борби за човековите права, феминистка, активистка... По повод одбележување на 25 годишното постоење на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го направивме долго очекуваниот разговор со Уранија.

Што направивме: Краток осврт на една година Медуза

Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.

Зошто се заљубив во серијата Fleabag

Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.

Последната жена од Медената земја

Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.

Lana Del Rey – Norman Fucking Rockewell

“I really do believe that words are one of the last forms of magic”

Правда за градите

Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.

Florence + the Machine – Patricia

“I was reading a lot of Patti Smith’s work and I was in this little bubble, quietly making my record and I would read her writing and she would bring so much reverence to even daily life.”

Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова

На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
Scroll to Top