Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот

Ана Алексовска е режисерка која сигурно веќе ја знаете преку документарниот краток филм Господата од Современа. Преку нејзиниот светоглед, се труди да изнајде креативни решенија и нови механизми во борбата за иднината. Фактот што е режисерка со амбиции од поширок тип, ù дава можност да делува на различни начини и нивоа. На 12 и 13 март ќе може да го погледнете документарниот филм во 19 часот во Кинотека на Македонија. Некогаш е тешко да се прави интевју со некој кој ти е пријател, бидејќи поставуваш прашања кои лично те интересираат, но се надевам дека читателите на овој текст ќе успеат да уживаат во разговорот со Ана, како што и јас секогаш уживам.

 

 

Како се роди твојата желба кон оваа проесија? Кој беше клучниот момент кога одлучи да студираш режија?

 

 

Не сум сигурна дека постои еден клучен момент, настан, зародиш на мисла – кои ме наведоа на тие студии. Еве дури и мислам дека тогаш не бев ни свесна сосема што сè подразбира режијата.
Но живо можам да се сетам на првото будно воодушевување и радост од воспримањето и раскажувањето приказни. Рано почнав да читам бидејќи сакав во сè да ја следам сестра ми која е 3 години постара. И нормално, сакав да постигнам да исчитам сè што се нудеше дома. Го памтам со голема јасност чувството при препрочитувањето на грчките митови за деца “Богови и херои” и колекцијата руски бајки. Сакав да го почувствувам одново и одново она што го предизвикаа во мене при првото читање. И секој пат, успешно. Моќта на приказните ме имаше зашеметено, и тоа ќе трае доживотно. А, прва публика за измислените приказни ми беше токму сестра ми, во ноќите кога без приказна немаше шанси да се заспие.

Режијата беше возбудлив начин да се раскажуваат приказни и сакав да го истражам. Дојде лесно, како логична постапка.

 

 

Во режијата, женските имиња сè уште се пробиваат низ така наречениот стаклен плафон. Неодамна зборуваше на форумот The F word, којго актуелизираше токму родовото прашање и условите за работа во филмската индустрија. Какво беше твоето искуство? Кои се предизвиците со кои ти се имаш соочувано?

 

 

Секоја борба е лична и секое писмо – е лично. Не сум поборник на синтагмата “женско писмо”, напротив, тоа секогаш ме збунувало. Професорките по уметност ми велеа дека творам како машко и сè уште не ја разбирам таа поделба. Постојат теми кои двајца различни автори, маж и жена, ќе ги обработат на сосема различен начин, и тоа е она кое ги разликува еден од друг, а не нивниот род.

Растена сум во семејство каде се верувало дека жените можат исто како и мажите. Ја имав привилегијата да учам од мојата баба која се изборила да ги заврши своите студии и да биде меѓу многуте мажи – лекари првовработени на државната клиника. Потоа, привилегијата да имам мајка со повторно, за тоа време, револуционерна нарав – со пркос да ја следи својата интуиција и самата да ја одбере својата (до тогаш сè уште непозната и нова) професија. Тогаш не било јасно што е програмирањето, но без страв таа зачекорила во тој свет со сета неизвесност на одлуката. Не е лесно да се достигнат нивните стандарди, но секогаш од нив ја имам поддршката за храбрите одлуки. Понекогаш дури и ме поттикнувале да ги преземам.

Минатата година засилено се отворија квоти во фестивалските листи за жени режисерки или за филмови направени за женски лик. Мислам дека е неправедно да се прашува авторката дали е селектирана на некој фестивал само поради својот род, а не поради квалитетот на филмот. Но, тие квоти го наметнуваат тоа чувство. Можеби влезот на “Господата од Современа” на А-фестивалот во Торонто, HotDocs IDFF, се должи токму на таква квота. Но, тоа помогна да добие филмот видливост и популарност и сепак е огромен поттик за понатамошната работа. Се надевам дека наскоро нема да има потреба од такви квоти за еднаква фестивалска застапеност на женските и машки автори и дека во нареднава деценија природно застапеноста ќе се изедначи.

 

 

Кои авторки, режисерки би ги издвоила како позначајни и впечатливи според твоите критериуми?

 

 

Helena Тřeštíková (Хелена Трештикова), чехиња, поради истрајноста и трпеливоста, потребни да се направи документарен филм. Од нејзините филмови научив многу за развој на карактерот во документарен филм. Си има изградено свој стил преку формата и е сериозна инспирација.

Iryna Tsylik (Ирина Цилик), жена чии следни филмови со нетрпение ќе ги очекувам. Пред се, работата со актери во документарен филм е фасцинантна кај неа, а со изборот на теми е секогаш иновативна и актуелна истовремено. Темпото со кое ги монтира и развива сцените е хипнотично.

Phoebe Waller – Bridge ( Фиби Валер Бриџ) поради остроумноста. Како актерка и сценаристка истовремено, се чини дека размислува неколку пати побрзо од просечен човек и во нејзините сцени секогаш се случуваат барем три конфликта паралелно. Интензивно и атрактивно раскажување на приказни од кое може многу да се научи.

 

 

Вашиот документарец успева да ги хуманизира оние кои се наоѓаат на маргините, па се надевам ќе успее да разбуди емпатија кај повеќе луѓе, со оглед на тоа што филмот веќе е интернационално препознаен, освојувајќи престижни интернационални награди. Може ли да ни споделиш повеќе за комплексноста на снимањето на овој филм?
Како успеавте да ја доловите спонтаноста и слободата која ликовите ја манифестуираат во документарецот?

 

 

Блискоста меѓу две индивидуи не се гради преку ноќ, но е заснована на едно нешто – желбата и способноста да го разбереме и прифатиме она што нè прави различни. Нашите протагонисти се носат со своите негативни емоции преку бурата која ја предизвикуваат, одејќи на сите ноќни и дневни културни или социјални настани во Скопје. Бевме љубопитни, ние од тимот кој го создадовме филмот, да го разбереме лечење на длабоките рани на овој начин. И навистина, имаше што да пронајдеме. Верувам дека нашата протагонистка и нејзините ноќни пријатели го увидоа тоа во нашиот долгогодишен однос и токму затоа прифатија да се соголат барем малку пред нашите камери. Сакавме да ги разбереме и да им помогнеме да бидат разбрани.
Пред да снимаме речиси една година само другарувавме. Безброј телефонски разговори и изложби посетени заедно во кои откривавме како ги допира уметноста или дебатата која ќе ја проследат и како им помага да разберат дел од своите емоции поттикнати од приватниот живот.

Сметавме дека оваа нивна приказна ќе му помогне и на гледачот да разбере нешто повеќе за себе и за начинот на кој ги восприема различните животни стилови, механизми за справување со болка…и ќе го замени својот револт со сочувство.

 

Преку една сцена во филмот сфаќаме дека протагоностите понекогаш се соочуваат и со вербално насилство. Според вашето искуство, колку е ваквиот третман чест и како филмската екипа реаиграше на тактвите ситуации?

 

 

Чест е тој третман и токму затоа таква сцена е дел од филмот. Всушност, во самата сцена, фрапантни се и не вербалните ниту физички типови насилство – туку оние психолошките видени преку презирот кој се чита на ликовите на другите посетители, преку нивниот говор на тело. Покажува колку сме затворени кон различното како општество.

Нашиот филм е обсервациски, така што во градењето на сцените учествувавме малку – со разговор пред да се вклучат камерите. Но штом тие ќе се вклучеа, ние остававме дејството да го води протагонистката. А твоето прашање е дел од документаристичката дебата за етика и одговорот е секогаш комплексен, бидејќи зависи од многу фактори. Ние бевме свесни дека при снимањето на таа сцена ничиј живот не е доведен во опасност, дека е тоа многу честа сцена која можеби се одвива и во моментов во некоја од скопските галерии, а и пресудниот миг на увереност во тоа дека со претставување на конфликтот на тој начин ќе ја доближиме борбата на протагонистката до публиката и ќе се повикаме на недостатокот емпатија, со надеж дека ќе предизвикаме желба за промена.

Нашата протагонистка, и самата во филмот вели Абе само на женско можеш да му се чаталиш, како коментар на насилната сцена во галеријата. Таа всушност се доживува како најлесната мета на членот на обезбедување, бидејќи е единствената жена таа вечер во друштвото. Сака да каже дека и нејзините придружници се однесуваат исто како и таа, но само таа ги прима навредите. Научена е да ги амортизира овие напади и во себе да акумулира гнев. Така живее и дома, а понекогаш и надвор. Тоа беше всушност и клучниот порив да се приклучи кон овој филм – ова стана медиумот со кој ќе ја покажеше гласно неправдата и насобраниот гнев, со надеж дека нешто ќе се промени. Сега контактираме сè уште и се радувам кога ќе ми пренесе позитивно искуство на настан организиран од друштва кои порано биле нетрпеливи кон неа. Некаква промена сепак е видлива!

 

Главните ликови зборуваат со голема ведрина и социјална осободеност за која секој може да сонува. Каков личен ефект имаше врз тебе самиот процес на снимање? А потоа и завршниот продукт?

 

Пресвртница во мојот живот, на секој план, се случи за време на снимањето на филмот. Интензитетот на емоциите, потребата од постојано преиспитување на сопствената етика заедно со професионалниот притисок беа катализатор да се променам и појдам во некоја нова фаза од својот раст. Има луѓе кои заминаа од моето секојдневие и луѓе кои ќе направам сè да не си заминат. Сфатив дека со искреноста, кон себе и другите, единствено се доаѓа до тој стадиум на смиреност потребен за носење важни одлуки. Во филмот секој рез е важна одлука, а да не зборуваме за обработката и работата со главните ликови… Тоа што, поради ова искуство, тоа што секогаш ќе го носам во себе како патоказ при недоумница е: пауза за искреност кон себе. Потоа сè ќе стане лесно.

А главните ликови се соочуват со своите лоши страни и преку хумор и преку пркосна искреност. Од секој човек кој поминал мачен период може многу да се научи, само со набљудување.

Успехот на филмот на сите од тимот ни дојде неочекувано. Толку ни беше макотрпен процесот на работа што не ни мислевме што потоа. Тоа “потоа” само си дојде и нè зграпчи за рамења, протресувајќи нè. Прекрасно е чувството кога тоа со кое си живеел во агонија со години, сега допира до публика низ цел свет. Егото е задоволно, ама нам и ни беше многу потребен таков ветар во едрата. Одиме понатаму, поумни и поискрени 🙂

 

Кои ти се следните планови? Веќе најави дека твоите следни проекти ќе бидат фокусирани на социјалните промени во Македонија.

 

 

Уште во 2013та година почнав да снимам, нешто сама, нешто со помош на колегите – тогашни студенти, филм за менталитетот на нашето поднебје. Покорлив и молчалив. Ме интересираше зошто толку сакаме да се претставуваме како жртви на одредена ситуација, зошто при појавата на проблем ние го избегнуваме и бараме бегство на место каде, навидум, го нема тој проблем. Одеднаш, се најдов сама, со повеќето блиски луѓе отселени некаде. И темата ја работев на дотогаш за мене неистражен начин – докуфикција. Но, по некое време се почувствував како хипокрит бидејќи и самата посакав да си заминам.
Заминав, се вратив, го имам зад себе Господата од Современа и сега сметам дека можам да продолжам да работам на тој филм. Ќе биде за идентитетот на младата личност, нејзините идеали и нивниот губиток при созревањето – сето во корелација со созревањето на едно општество. И повеќе нема да е докуфикција туку чиста документаристика.

Но ова е проект кој ќе се работи подолго, особено поради пандемијата. Во меѓувреме, со Владимир Димоски работиме на уште неколку, краткометражни, проекти.

 

Ана, во моментов работиш на исклучително значајна иницијатива, наречена ДОМА. Таа претставува онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку се истражуваат и анализираат теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест. Дали може да ни кажеш малку повеќе за твојот ангажман?

 

 

Целата енергија при создавање на тие куси документарни филмови за ДОМА е водена од желбата за промена на околината, будење на свеста кај сограѓаните и едноставно – надевање, дека може да е подобро. Сметам дека нема поубав мотор од тоа. Тимот е прекрасен, секој ден поминат со нив е авантура и среќна сум кога согледуваме дека растеме заедно. Се сретнавме со Кирил Пржо, уредникот на платформата ДОМА и работи на еко-едукација и започнавме со соработка.

Проектот ДОМА е амбициозен и често физички напорен поради темпото на работа, но ништо не е позадоволително од тоа кога ќе сме исконтактирани од надлежна институција дека пораката е примена и одлучни се да делуваат. Исто така, согледувам и дека народот има потреба од ваква дебата. Треба заедно да одлучиме како економскиот прогрес и еколошката свест да се во рамнотежа, без едното да го задуши другото. Задачата е тешка, но треба да ја гледаме како предизвик на нашето време, на нашата генерација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе информации:
#3BCKFS | The F* Word – Creating a chain of emerging female filmmakers

The Grand Prix of FEKK 2020 goes to Consuming Contemporary by Ana Aleksovska.”
Најдобар документарен филм Moscow shorts – септември

Документарниот краток филм „Господата од современа“, во режија на Ана Алексовска, во продукција на „Лист продукција“, стана дел од селекцијата на годинашното издание на програмата „Д чејнџинг фејс оф Јуроп“, иницијатива на Европска филмска промоција, во соработка со канадскиот фестивал „Хот докс“. Снимен според сценарио на Анжелика Апсис.

Македонскиот филм „Господата од современа“ (Consuming Contemporary) на талентираната Ана Алексовска освои важно признание на „Кустендорф“ – Бронзено јајце

НАПИШАНО ОД:
  • Сара Миленковска
  • March 12, 2021
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време на жените
Грижата за локалното, за она што го гледаме пред себе, за оние кои се близу до нас и сакаме да ги заштитиме е вистинската мотивација и движечка сила на хероината.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Предраг
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 6 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram