Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.

Пишува: Александра Спасеска (новинарка, преведувачка и истражувачка)

 

„Не верував дека може да стане полошо, сѐ додека не стана најлошо“. Вака ја почнува својата приказна Елена (34), Македонка која сега живее во Германија, жртва на семејно насилство, која вели дека е среќна што е жива и може да ја раскаже нејзината голгота, макар под псевдоним.

„Се надевав дека со преселувањето во друга земја зад нас ќе останат причините и околностите што го правеа гневен… сѐ стана многу полошо кога бевме сосема сами, во туѓа земја“, вели Елена. Со, сега веќе, поранешниот сопруг биле во врска неколку години пред да стапат во брак. За време на врската покажувал „малку неконтролиран темперамент“, знаел да употреби погрдни зборови, да покажува ароганција, но не бил физички насилен кон неа.

„Беше високо образован, дете од фамилија, што се вика… мислев дека фрустрациите му се минливи, дека го нервира сѐ во државата, тоа што не можеше да задржи работа, иако имаше факултетска диплома…“, продолжува Елена. Расправиите, во кои тој не штедел навреди, станувале сѐ почести откако стапиле во брак. Психичкото малтретирање почнало да станува секојдневие, како што растела неговата фрустрација поради невработеноста и фактот дека таа работела, често трети смени. Во неколку наврати Елена помислила да го пријави, но се обесхрабрувала.

„Речиси секојдневно слушав и читав за случаи во кои партнерите ги претепале девојките или жените. Некои пријавувале по неколку пати…некои откако веќе биле претепани на чекор до смрт… нивните случаи најчесто немаат разврска, се откажуваат, ги повлекуваат тужбите… си велев ‘Јас што ќе пријавам? Дека ме вреѓа? Само ќе направам да биде полошо’“, се присетува Елена, која некое време и волонтирала во здружение за помош на жени од семејно насилство.

Животот во Македонија не им бил неподнослив, но сепак мислеле дека може да направат нов почеток во нова земја. Елена, по професија медицинска сестра, полесно нашла понуди за работа во странство и тој инсистирал да одлучат и да заминат што е можно побрзо.

„Многу го фрустрираше фактот дека јас со средно најдов работа веднаш, а тој со диплома не можеше да најде ништо… не дека имаше препораки… За жал, работите само се влошија кога останавме сами во туѓа земја, каде јас се убивав од работа, а тој седеше дома и постојано ми префрлаше дека сум станала арогантна бидејќи сум имала работа и подобро го владеев јазикот од него. Бевме сосема сами, немавме заеднички пријатели. Јас ги имав колегите и колешките, а тој по некој нашинец таму со кој ретко се гледаше.“

По нецела година живот во Германија, станало јасно колку е всушност краток фитилот на неговиот избувлив темперамент.

„Речиси секој ден ме пречекуваше од работа со ‘подготвен говор’ како тој е маж на куќата, како нема врска што не работи, јас сепак треба да бидам ‘послушна’ и ‘домаќинка’… Едно утро, после долга трета смена, се вратив дома и почна неговиот редовен ‘репертоар’ на навреди и омаловажувања. Му реков дека ако не престане ќе го пријавам. Ми се чини дека тоа му ја активираше бомбата. Сѐ се случи толку брзо. По неколку пцовки следеа шлаканиците…“

„Знаев дека нема враќање од таа точка. Со секој удар како да ми се разденуваше сѐ повеќе и повеќе. Откако помина неговата ‘епизода’ и промрмори нешто што според него беше извинување, ги собрав сите сили што ги имав и под изговор дека ќе одам во аптека, веднаш отидов во полиција и го пријавив. Процесот не беше едноставен, но не беше ни толку страшен како што се плашев“, се присетува Елена и додава дека иако се труди не мисли на тоа „што би било кога би било“, не знае уште колку долго ќе го трпела психичкото малтретирање (откако го препознала како такво), ако не преминело во физичко.

„Се охрабрив знаејќи дека тука системот функционира… ама знам дека за многу малтретирани жени кои живеат во странство, сами со тепачите… нема врска дали системот функционира… најчесто немаат работа, престојот таму им зависи од мажот, се плашат за децата…“, ја привршува нејзината приказна Елена, која останала да живее во Германија, а нејзиниот поранешен сопруг по судската разврска таму, се вратил во Македонија.

„Никој од моето семејство не знае што ни се случи таму. Уште не можам да им кажам. Тешко ми е да признаам дека уште понекогаш чувствувам срам од својот избор, дека не ги видов знаците… Но, тоа е во лошите денови. Во добрите, среќна сум што сум жива и што тој повеќе не е дел од мојот живот.“

 

Македонската иселеничка се окуражува кога ќе се отсели во странство

Наодите од истражувањето што го спроведов со моите колешки од ДИЈАЛОГ Центарот за делиберативна демократија, Vezilka Magazine и невладината организација International Balkan Alliance for Peace and Development, укажуваат дека приказната на Елена е далеку од единствена. Истражувањето, спроведено во периодот од 8 март до 8 април 2021 година, го третира прашањето за можностите за интеграција на македонските иселенички во новата средина, можноста за професионален развој, родовата дискриминација и нивото на родово базирано насилство во новата држава. Примерокот за анкетата што ја спроведовме онлајн, содржи одговори на 407 Македонки кои се иселиле во периодот од 1984 до 2021 година од сите 8 плански региони, а се доселиле во 41 држава низ светот. Една од темите на кои одговараа македонските иселенички беше и во колкав степен се соочиле со насилство од страна на сегашен или поранешен партнер/ка (физичко, психолошко, сексуално, емотивно, економско и слично), колку жртви ги пријавиле таквите напади и каква била реакцијата на надлежните во случај на пријава?

Извештајот „Македонки во движење. Извештај од анкета ‘Можности за интеграција и родова рамноправност на македонската иселеничка 2021’“ што произлезе од истражувањето со колешките Ризанкоска, Спасовска, Трајковска и Ризанкоска-Антеска, укажува дека ситуацијата и резонирањето на мојата соговорничка Елена се реалност и за други иселенички од Македонија.

Речиси 23 % од испитаничките изјавиле дека доживеале семејно насилство додека сѐ уште живееле во Македонија, а 10 % доживеале во странство. Постои позитивна корелација помеѓу оние жени кои доживеале родово базирано насилство во Македонија и оние кои доживеале такво насилство во странство. Детектиравме дека од тие што доживеале семејно/родово насилство во Македонија само 11% го пријавиле случајот, наспроти 17% во странство. Позитивната корелација (од 0,22) помеѓу оние кои доживеале насилство и го пријавиле во Македонија, е помала од таа кај жените што доживеале насилство и го пријавиле во странство (0,51). Ова укажува на тоа дека иселеничките повеќе се охрабруваат да го пријават семејното насилство надвор од Македонија, како што е случајот на Елена.

Ги прашавме иселеничките кои доживеале семејно насилство во странство каков тип помош им обезбедила државата во која живеат, на што најголем процент (36 %) одговорија дека не добиле никаква поддршка, 11 % не знаат 11 % добиле финансиска, а 11% психолошка помош. Дури 70 % од овие жени сметаат дека имале чувство дека не биле третирани различно заради нивното имигрантско потекло/статус, 21 % сметаат дека биле третирани негативно поради тоа, а 9 % дека биле позитивно различно третирани поради ваквиот статус.

 

Институционалниот лавиринт – најголема пречка за пријавување

Насилството врз жените и девојчињата е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права во светот. Родово базираното насилство не познава социјални, економски или национални граници. Во светот, една од три жени ќе доживее физичка или сексуална злоупотреба во нејзиниот живот. Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина. Жртвите на насилство може да страдаат од сексуални и репродуктивни здравствени последици, вклучувајќи принудна и несакана бременост, небезбедни абортуси, трауматски фистули, сексуално преносливи инфекции, вклучувајќи ХИВ, па дури и смрт.

Според податоците достапни од 30 центри за социјална работа, до кои дојдов работејќи на сторијата „Пријавување родово базирано насилство: Колку пати жртвата ја преживува траумата?“, од вкупно 1.531 жртва на семејно насилство во 2020 година во Република Северна Македонија, 1.161 се жени.  Во 2021 година (јануари -март) бројот на новоевидентирани жртви на семејно насилство изнесува вкупно 355 жртви на семејно насилство од кои жени се 251 жртва.

Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во Република Северна Македонија се имплементира од мај 2021 година, и во моментов Министерството за труд и социјална политика (МТСП) располага само со податоци за семејно насилство, по кои постапуваат центрите за социјална работа на територијата на земјата. Со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство предвидена е посебна глава која се однесува на воспоставување на системот на база на податоци за жртви на родово базирано насилство. МТСП има формирано работна група за изготвување на подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон. Во оваа работна група членуваат стручни лица од надлежните институции и граѓански организации, со поддршка од меѓународни организации. Во моментот се работи на изготвување на подзаконски акти, меѓу кои се и подзаконските акти за воспоставување и собирање на база на податоци за насилство врз жени и семејно насилство од страна на надлежните институции и тоа: Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и Министерство за правда, како и судовите и јавните обвинителства.

Сепак, впечатокот на Елена што ја довел до немање кураж да го пријави насилникот додека уште живееле во Македонија, не е воопшто далеку од реалноста – во заклучоците од погоре споменатата сторија утврдувам дека жртвите на родово базирано насилство неретко се наоѓаат заглавени во институционалниот лавиринт, па покрај (најмалку) еднаш доживеаниот напад, се соочуваат со повторно преживување на траумата, одејќи чекор по чекор, од една институција до друга, прераскажувајќи го доживеаното.

„Македонското законодавство не ги криминализира, а судејќи по последните извештаи на повеќе истражувања на релевантни организации кои се занимаваат со родово базирано насилство очигледно е дека и македонското општество не ги препознава сите форми на родово насилство против жените и девојчињата“, вели во изјава за akademik.mk Ана Аврамоска-Нушкова, правна советничка и проектна координаторка во Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

 

Жените имигранти се посебно ранлива категорија

Приказната на Елена, за жал, не е единствена во многу погледи. Насилството од интимниот партнер врз жените имигранти е во епидемиски размери, а истражувањата дури неодамна почнаа да ја адресираат загриженоста на оваа тема. Прегледот на литературата за истражување на правните, медицинските и општествените науки открива малку податоци, но оние што постојат покажуваат дека културите, контекстите и правниот статус на жените имигранти ја зголемуваат ранливоста за злоупотреба, се користат од страна на насилниците за контрола и злоупотреба на жени имигранти и создаваат бариери за жените кои бараат и добиваат помош. Податоците, исто така, откриваат дека културата и контекстот на имигрантите нудат фактори на отпорност преку кои програмите и политиките може да се користат за подобро да ѝ служат на оваа популација.

Жените имигранти и бегалки кои доживуваат насилство од интимен партнер се соочуваат со бројни бариери и предизвици за откривање и пријавување злоупотреба, пристап до поддршка и услуги и навигација меѓу правните процеси и системите за социјална поддршка.

Не сите жени се угнетувани и/или потчинети на ист начин или во иста мера, а насилството врз жените и неговото влијание не се подеднакво на товар на сите групи жени. Од суштинско значење е да се признае дека жените имигранти и бегалци имаат многу вкрстени идентитетски одредишта, како образование, раса/етничка припадност, сексуалност, работоспособност, религија. Овие вкрстувања во голема мера влијаат не само на нивната ранливост на насилство од интимниот партнер, туку и на нивните искуства и на одговорите на системот кон нив, како пристап до правда, домување итн. Жените кои се маргинализирани на повеќе начини и кои се соочуваат со структурно насилство од различни системи на дискриминација имаат потешкотии да им се верува на кажаното/доживеаното искуство, да добијат поддршка и најдат сигурност.

Во литературата се идентификувани три значајни детерминанти на менталното здравје како социјална поврзаност, слобода од дискриминација и насилство и економско учество. Во случај на жени имигранти, овие детерминанти може да бидат посложени бидејќи нивните искуства од премиграцијата може да се вкрстат со детерминантите по миграцијата за да влијаат на нивниот статус на менталното здравје. Сепак, без оглед на околностите во матичната земја, постојат вообичаени фактори со кои се соочуваат имигрантите по миграцијата кои влијаат на нивната ментална благосостојба. Овие фактори на постимиграција може да се испитаат на различни нивоа на влијанија од културните, социјалните и здравствените системи.

„Новиот закон за насилство врз жени и семејно насилство го предвидува принципот на должно внимание. Тоа значи дека секоја пријава на насилство треба да биде сфатена сериозно, односно независно од тоа каква форма на родово базирано насилство ќе биде пријавена, институциите треба да ги превземат сите чекори да ја заштитат жртвата од идно насилство. На жал, ниту овој принцип, ниту другите членови на овој закон со кој се предвидува унапредена заштита, сè уште не се почитуваат и имплементираат. Иако е помината повеќе од една година од стапувањето на сила на овој закон, сепак сè уште пости недостапност на специјализирана поддршка за жртвите, особено во помалите градови, па оттаму и непријавувањето е очекувано како последица на непостапувањето. Она што сите треба да го имаме на ум е дека не е доволно само да се донесе нов закон/политика/протокол, доколку истите не се почитуваат и применуваат од страна на професионалците во институциите. Насилството врз жените и децата е сериозен проблем во државава, и како таков треба да се третира“, смета Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • July 6, 2022
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Вирџинија Вулф ја преобрази женската биографија во „Орландо“
„Орландо“ зборува за важноста да се биде свесен за сопственото историско, лично и колективно минато како жена и за потребата од негово реобмислување и реиспишување.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram