Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.

Понекогаш мислам дека сум највлакнестата жена на светот. Последниот пат кога си ги бричев нозете, искористив три бричеви и половина час во студената бања. Ден пред тоа ми требаше уште еден брич за рацете и пазувите.

Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари. Затоа многу ретко ги отстранувам влакната, особено на нозете. Кога излегов од бањата, смрзната и со потоци од крв по нозете, го добив одобрувањето кое го очекував. Мајка ми, со насмевка на лицето, ми рече: “Морам да ти кажам веднаш. Гледам дека конечно немаш влакна на нозете.” Знаев дека веднаш ќе забележи. Оваа сесија на отстранување на влакната од моето тело беше резултат на три-месечната кампања во мојот дом. Барем еднаш неделно бев потсетувана, убедувана и уценувана да си ги избричам нозете. Мајка ми беше главната виновничка, со повремена поддршка од татко ми.

Него ми е лесно да го замолчам. Ако се обиде да ми каже нешто во врска со моите влакнести нозе, можам да го прашам: “А зошто ти смееш да имаш влакнести нозе?”. Ова ја прекинува дискусијата. Сепак, не може да се игнорира дуплиот стандард, односно фактот дека во нашата култура различно ги третираме влакната на машкото и женското тело. Да се биде влакнест маж е сосем нормално, а да се биде влакнеста жена е непривлечно, неженствено и грдо, според денешните стандарди на убавина.

Потешко е да се одбранам од притисокот на мајка ми. Знам дека влакната на нејзиното тело ѝ претставувале извор на несигурност во тинејџерските денови. Впрочем, темните и густи влакна ми се генетско наследство од неа. Веројатно се чувствува дека ако ме убеди да ги отстранам, нема да се соочувам со истите несигурности како неа. Често ми кажува: “Ова те прави да изгледаш неуредно и валкано во очите на другите. Дури и мене ми е непријатно да те гледам.”

Иако многу ме боли кога го слушам тоа, знам дека ова мислење таа го дели со мнозинството. За целите на едно истражување во Исланд, на неколку жени им била дадена задача да не ги отстрануваат влакната неколку недели и потоа да кажат како се чувствувале. Најголемиот број од жените кажале дека се чувствувале валкано и со гадење гледале на своите тела.

Парадоксално е тоа што влакната ги поврзуваме со нехигиената која тие наводно го предизвикуваат кога всушност влакната можат да имаат заштитна функција. Па така, повеќето научници се согласуваат дека отстранувањето на влакната нема биолошка или здравствена корист, туку се прави од социјални и психолошки причини.

Се разбира, кога ќе ѝ го кажам ова на мајка ми, таа мисли дека не сум јас таа која треба да се бори против веќе поставените норми. Таа ми вели: “Откако некоја славна личност ќе се појави со влакна отворено, ќе бидеш прифатена и ти.” Но, поминаа над 20 години откако Џулија Робертс се појави со влакнести пазуви на премиерата на Notting Hill, а шокот кога денес некоја актерка ќе го направи тоа денес е ист како и тогаш.

 

 

Главната причина за ова е митот дека жените се природно мазни и невлакнести, па од таа перспектива влакната стануваат натрапниците, а не нашата природна состојба. Како општество, и особено како жени (главни клиентки на козметичката индустрија), не сме навикнати да гледаме влакна во никаков контекст, дури и кога тие се очекувани. Во рекламите за депилациски продукти нема ниедно влакно. Актерката поминува со бричот, лентите или кремата по веќе совршено мазната нога и се преправа колку добро функционира продуктот. Понекогаш ми се чини дека информацијата дека жените природно имаат влакна е јавна тајна. Сите знаеме дека е така, но никогаш нема да ги видиме во медиумите или поп-културата, каде генерално собираме информации за тоа како треба да изгледа или да се однесува една жена, а ретко го гледаме и во живо.

Самата идеја дека жените треба да ги отстрануваат влакната е прилично нова. Иако историски секогаш постоела одредена мода за тоа како треба да изгледаат влакната на различни делови од телото, отстранувањето на влакната како што го знаеме денес почнало во последниот век. Изненадувачки, Чарлс Дарвин е заслужен за две идеи кои го поттикнале отстранувањето на влакната кај жените. Според Дарвин, попримитивните видови имаат повеќе влакна и помали телесни разлики помеѓу половите. Импликацијата од овие две идеи е дека влакнестите жени се девијантни и антрополошки инфериорни суштества. Меѓутоа главен фактор во промената на културните ставови за влакната кај жените доаѓа со промените на модата и економијата во дваесеттиот век. Пред почетокот на изминатиот век отстранувањето на влакната не било толку често практкувано. Промените во модата, која ги нормализирала кратките здолништа и голите нозе и раце кај жените, создале пазар кој бил исплатлив за компаниите за бричеви и депилаторски продукти кога жените би се чувствувале несигурно за своите влакна. Влијанието кое го има модата постои и денес. Знам дека не сум единствената која цела зима без проблем останувала со влакна, за да закаже депилација веднаш пред да го облече првиот пролетен фустан. Друга индустрија која имала влијание е порнографската индустрија, која создала нови трендови во отстранувањето на интимните влакна.

Иако инсистирањето на отстранување на влакната е патријархален конструкт, да се фрли бричот и да се остават влакната да растат не е лесна одлука. За транс жените неотстранувањето на влакната може да биде извор на родова дисфорија. За многу жени од етнички малцинства, неотстранувањето на влакната е избор кој ги прави жртви на негативните стереотипи кои постојат на нивната култура, што ги прави жртви за понатамошна стигматизација.

Знам дека изборот да не ги отстранувам влакната доаѓа од привилегирана позиција. Никогаш не сум се соочила со пријателка, партнер или работодавач кои ме натерале да ги отстранам. Желбата да не се најдам во таква ситуација во иднина е причина што моето семејство ме поттикнува да се конформирам. Меѓутоа, надевајќи се дека ќе ми помогнат да ја избегнам штетата од стигматизацијата, тие ненамерно продолжуваат да го стигматизираат женското тело.

Понекогаш попуштам под притисокот, но понекогаш не, и тогаш сум најсреќна, бидејќи се чувствувам како да имам целосна контрола врз моето тело. Дали избираме да ги отстраниме влакната или не, не е толку важно. Важно е зошто го правиме тоа – поради сопствената одлука или за да задоволиме некој друг. Се разбира, не секогаш е очигледно од кои причини правиме некои одлуки во врска со нашите тела. Границата е тенка помеѓу тоа кои ставови се лично наши, а кои се продукт на културата во која биле изградени нашите вредности.

НАПИШАНО ОД:
  • Вања Кирова
  • August 24, 2020
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Време е да се збогуваме со стигмата на разводот
Практикување феминистичката слобода во ригидни средини.
  • Од Ивана Настева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Слободата како трпелив труд
Како да практикуваме колективна и вклучувачка феминистичка слобода?
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Која сум кога сум далеку од дома?
Белешки за трансформативната улога на патувањата или почетокот на моето созревање
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што си ти? Девојка или жена?
Барајќи си го идентитетот во македонскиот дигитален речник.
  • Од Филипа Попова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram