Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.

Оваа година за прв пат присуствував на Thesaloniki Pride, односно на Парадата на Гордоста во Солун која се одржува за седми пат. Ме покани другарка ми Никита и си поминавме прекрасно. Се запознав со повеќе нејзини квир пријатели, купивме разни сувенири од грчки ЛГБТИ организации кои ја поддржуваа парадата, игравме на поп музика на улиците во Солун и дури едно време се придруживме на порадикалните фракции од парадата. Не само што се чувствував безбедно за време на парадата, туку се чувствував ослободено. Слично како што сум се чувствувала во квир простори во Берлин или како за време на дрег шоуто што се оддржа во Станица 26 како дел од Скопје Прајд Викенд пред две недели. Меѓу други квир луѓе се чувствував како да партијархатот, хомофобијата, бифобијата и трансфобијата ги снема за тие неколку саати. Сите можевме да бидеме автентични, среќни и ослободени од социјалните ограничувања.

Но, тоа се смени моментот кога парадата заврши и требаше да си отидеме од толпата. За време на парадата, Никита носеше мајца на која што пишуваше „Gay as fuck“ (Ептен геј) која ја соблече кога тргнавме да најдеме нешто за јадење.

 

„Знаеш дека сѐ уште се потребни прајд паради кога буквално момент откога завршува парадата ти е страв дека ќе те нападнат хомофоби,“ рече Никита разочарано.

 

За жал, Никита е комплетно во право. Многу од нас се чувствуваме сигурно во квир простори – простори за којшто храбри квир луѓе се избориле да ги имаме – но не е и во генералната јавност. На пример, на дрег шоуто во Станица 26 видов другар од средно кој почнал да изведува дрег последниве неколку месеци и кој имаше неверојатен перформанс таа вечер. Се изгушкавме кога се видовме и тој ми кажа дека му е многу мило што се гледаме ама ми посочи никако да не кажам на моите родители за неговата дрег изведба бидејќи неговите сѐ уште не знаат.

Вакви случки сум имала повеќе пати и секогаш ме растажуваат. Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи.

Е затоа ни треба Скопје Прајд.

Тие неколку дена секој Јуни не се доволни. Дозволено ни е да постоиме на маргините или да живееме животи кои не се до крај автентични. Повеќето од Вас (ако не и сите) сте блиски со некоја квир личност, но има голема веројатност да не ви кажала заради општесвената квирфобија. Но тоа не мора да биде така. Ако многу од нас се појават на Скопската Парада на Гордоста – и квир и стрејт – тогаш различноста и настраността ќе станат поприфатливи во нашето општество. Не само што со поддршката на парадата можеби ќе помогнете на квир личност да живее подобар живот, туку веројатно ќе имате подобри односи со квир луѓето во вашите животи. Ќе имате шанса вистински да ги сакате и тие вистински да ве сакаат вас.

Повеќето луѓе што јас ги сакам се квир, а и јас сум дел од таа заедница. Во сабота ќе марширам бидејќи сакам бидам дел од луѓето кои активно ќе ги подобруваат животите на квир заедницата. Но има и друга причина. Прајд се разбира се залага за правата и прифаќањето на ЛГБТ заедницата, но мислам дека не е едноставно само тоа. Како движење Прајдот почна пред точно 50 години со шест-дневниот Стоунвал Бунт во Њу Јорк Сити против полициската бруталност врз квир заедницата. Овој бунт не подразбирал само повик кон некаква интеграција на ЛГБТ популацијата или толерирање на нивното постоење. Стоунвал бил бунт против целиот насилен социо-економски систем во САД во којшто најмногу страдале маргиналирини групи, како црнците и квир луѓето.

Иако Скопската Прајд парада нема да биде радикална на ист начин како бунт против полицијата од 60-тите, сепак мислам дека сам по себе ваков настан што се изведува прв пат во Северна Македонија е радикален. Скопскиот Прајд нема да биде само протест на квир луѓето против хомофобија, бифобијата и трансфобијата, туку и протест против патријарлхалното општество кое на сите луѓе – не само на квир заедницата – ни поставува норми кои страшно нé повредуваат. Прајдот се спротиставува против сексизмот, секс негативноста и рестриктивните патријархални норми. За мене ова ќе биде и бунт против „што ќе кажат комшиите“ менталитетот бидејќи во сабота ќе излеземе без разлика што би кажале тие.

Фокусот на прајд е секако зголемувањето на видливоста на квир луѓето, нивното прифаќање и се разбира, ослободувањето на ЛГБТ заедницата. Со самото тоа се гради и подобро, потолерантно и послободно општество за сите. Така што, ослободувањето на квир луѓето е всушност еден од клучните чекори кон ослободувањето на македонското општество, а и понатаму светот.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 28, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Борба против менструалната сиромаштија и стигма: Интервју со Period. The Menstrual Movement Skopje
Едукацијата е клучна и за оние кои менструираат и оние кои не менструираат. Самиот тој процес на сегрегација најчесто при едуцирање на овие теми, остава голем непополнет простор со информации кај оние кои не менструираат и дополнително ја стигматизира менструацијата.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Собир за одбележување 80 години од создавањето на АФЖ
Регионален настан за одбележување на 80 години од основањето на АФЖ инициран од феминистичките колективи од просторот на поранешна Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сао Паоло ја добива првата книжарница за дела напишани само од жени
Жените пишуваат и тоа многу. Толку многу што со нив ќе ги наполниме сите полици на една книжарница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА
Квир-хронополитики: историја, афекти, утопии
Фестивалскиот куратор Славчо Димитров кон единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, кое ќе се одржи од 1 до 13 јуни, во Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Луњата
Хаосот е нештото од кое треба најмногу да стравуваме, но во последно време верувам дека е нештото што најмногу го сакаме.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јазикот ја пренесува родовата пристрасност во алгоритмите
Јазикот ги рефлектира и репродуцира родовите нееднаквости што постојат во општеството. Тоа важи и за компјутерските јазици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram