Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.

Пријави се на феминистичката школа ФЕМ 101.2 организирана од Медуза и Тииит!Инк. и збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.

Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Школата е составена од 5 предавања и 7 работилници, распределени низ 2 месеци, почнувајќи од 15 март 2021 година.

Школата ФЕМ 101 ќе ве запознае со клучни концепти од феминизмот и родовите студии, ќе ви помогне во себе-изразувањето, и ќе понуди креативна платформа за здружување и споделување.

Познавањето на феминистичката историја, стратегии на отпор и методи на креативен феминистички израз можат да нè зајакнат во борбата против родовата нееднаквост, да ни помогнат во критичкото преиспитување на односите на моќ, родовите релации и нашите сопствени позиции.

Обуките ќе ги водат реномирани теоретичарки, професорки, феминистки со обемно искуство и знаење во полињата во фокус на школата: Ирена Цветковиќ, Ана Мартиновска, Елизабета Шелева, Адријана Захаријевиќ, Јани Сунден, Емилија Петреска-Камењарова, Румена Бужаровска, Сузана Милевска, Kумјана Новакова и Јана Јакимовска. За времетрањето на школата, учесничките /ците ќе имаат можност за практична работа, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата. Програмата е наменета за девојки и жени, сексуални и родови малцинства.

Пријавување

За да учествувате треба:
– да ве интересира феминизам и родова еднаквост
– да имате мотивација да пишувате текстови во дадената област, иако претходно искуство не е неопходно
– да бидете во можност да ги посетувате сите обуки

Рокот за пријавување трае до 7 март 2022 година.

Пратете ја вашата кратка биографија и писмо со мотивација (максимум една страна) за учество на школата на info@meduza.mk со назнака „Апликација за Фем 101“.

Доколку имате дополнителни прашања, пишете ни на истиот мејл или на Фејсбук/Инстаграм страната на Медуза.

 

 

Биографии на предавачи:

 

 

Ана Мартиноска е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка. Од 1996 год. д-р Мартиноска е вработена во Институтот за македонска литература, во Одделението за македонска народна литература. Во моментов е на работното место научна советничка/редовна професорка. таа има објавено и стотина самостојни научни трудови во стручната и научна периодична литература во земјата и во странство, како и над двесте колумни на културолошки и родови теми во неделникот „Глобус“ и во дневниот весник „Нова Македонија“. Се занимава и со преведување на стручни трудови од англиски и српски на македонски јазик и обратно. Мартиноска била главна и одговорна уредничка на Институтското списание за литературна наука „Спектар“ (2013-14). Била членка на редакцијата на електронското списание „Блесок“ (2012-18), одговорна за рубриките Критика и Есеи. Членка е и на Друштвото на писатели на Македонија, Здружението за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународната Асоцијација за компаративна литература (ICLA). Мартиноска е Претседателка е на Научниот совет на Институтот за македонска литература.

Сузана Милевска е теоретичарка и кураторка на визуелна уметност и култура од Македонија. Во моментов е на истражувачки престој во Künstlerhaus Büchsenhausen во Инсбрук. Од 2016-2019 Милевска беше главна истражувачка на Политехничкиот универзитет во Милано за проектот TRACES од програмата Horizon 2020. Од 2013-2015 Милевска беше назначена за прва професорка по Централноевропска и јужноевропска историја на уметност на Академијата за ликовни уметности во Виена. Докторските студии по визуелна култура ги завршила на колеџот Голдсмитс во Лондон, a во 2004, Милевска е добитничка на стипендијата Фулбрајт во Конгресната библиотека во Вашингтон. Во 2011 станува истражувачка во проектот „Повикајте го сведокот“ – Ромски павилјон на 54 Меѓународна уметничка изложба – Венециското Биенале – колатерален настан и ги курира изложбите „Повикајте го сведокот“, „БАК“, „Утрехт“ и “Ромскиот протокoл” во австрискиот Парламент. Во 2015 заедно со Аленка Грегорич ја курира изложбата Одвнатре нанадвор-не толку бела коцка во Градската уметничка галерија во Љубљана. Во 2010 Милевска ја издава книгата Родовите разлики на Балканот и ја уредува Машината за преименување: Книгата, а во 2016 ја уредува книгата За продуктивниот срам, помирувањето и моќта на делување, SternbergPress, 2016.

Ирена Цветковиќ е доктор од областа на родовите студии. Како млад истражувач работела на многу истражувачки проекти од областа на социологијата, родовите студии и медиуми. Беше авторка на општествено ангажираниот блог Фемгерила, а потоа и колумнистка во дневниот весник Дневник. Таа е активистка за човековите права на маргинализираните заедници, а особено се бави со активизам за правата на ЛГБТ лицата, корисниците/чките на дроги и сексуалните работници/чки. Активна е во неколку формални и неформални активистички здруженија. Во моментов е извршна директорка во Коалицијата Маргини.

Румена Бужаровска е писателка, книжевна преведувачка и професорка. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како професорка по американска книжевност на англиската катедра при истиот факултет. Објавила четири збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010), Мојот маж (Или-или, 2014) и Не одам никаде (Или-или, 2018), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (Блесок, 2012 ). Расказите ѝ се објавени во превод на повеќе од 10 јазици.

Јана Јакимовска дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални медиуми, графички дизајн, фотографија, илустрација и интервенции во јавен простор. Нејзиното најново творештво се фокусира на феминистичкиот аспект, разгледан низ призмата на телото, себството, сексуалноста и позицијата на жената во општеството денес. До сега имала петнаесет самостојни изложби во Њујорк, Скопје, Белград, Приштина, Куманово, Гевгелија и Штип. Учествувала на бројни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Италија, Литванија, Германија и САД. Работи како вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Адријана Захаријевиќ е виш научен соработник на Институтот за филозофија и општествена теорија при Универзитетот во Белград, и доцент на родовите студии на Универзитетот во Нови Сад. Истражувачките интереси на Захаријевиќ се развиваат во два правци: прво, историја и теории на движењата на жените и на Запад и на Исток, особено во Југославија и современа Србија, со посебен нагласок на антимилитаризмот, антинационализмот и, од скоро, антикапитализам; второ, теоретска и историска основа на современиот неолиберализам. Таа објавува на различни теми во рамките на политичката филозофија (критика на либерализмот, феминистичка филозофија и критика на насилството) и активистички студии (влијание, превод и критика како ангажман). Нејзините текстови се преведени на неколку европски јазици. Захаријевиќ има објавено две книги, и на српски јазик, „Станување жена“ (2010) и „Кој е поединец? – генеалошка истрага за идејата на граѓанинот“ (2014), и во моментов работи на ракопис за политичката филозофија на Џудит Батлер, фокусирајќи се на влијанието, секојдневниот живот и ненасилството. Таа редовно пишува мислења во дневни и неделни весници, како и (интер)национални академски блогови.

Јани Сунден е професорка по родови студии на Универзитетот Седерторн во Стокхолм. Нејзината работа се наоѓа на пресекот на студиите за дигитални медиуми и технологија, родови и сексуални студии, феминистичка и квир теорија и теорија на афект. Таа моментално работи во полето на настраноста (queerness) и дигитална интимност; феминистички тактики на социјалните медиуми кои користат хумор за да се спротивстават на сексизмот; и геополитиката на дигиталните сексуални култури низ нордиските, балтичките и англо-американските контексти. Таа е авторка на Who’s Laughing Now? Feminist Tactics in Social Media (MIT Press, 2020, with Susanna Paasonen) и Gender and Sexuality in Online Game Cultures: Passionate Play (Routledge, 2012, with Malin Sveningsson).

Елизабета Шелева e професорка на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност (каде го предава предметот: “Феминистичка критика”). Се занимава со книжевна критика, теорија и културолошки студии. Долгогодишна уредничка на „Наше писмо“ и „Sarajevske sveske“. Колумнистка на весникот „Дневник“ (во 2000 год) и магазинот „Форум“ (во 2008 год). Авторка е на 11 книги и повеќе од 270 одделни прилози (колумни, осврти, прегледи). Работела и како предавач на првата “Школа за род и политика” во Македонија, при Институтот Евро Балкан, Скопје, од 2002 до 2006 г., со предметот: „Родот во литературната теорија“. Учествувала на меѓународната конференција „Род и наука“, во организација на Филозофскиот факултет во Сараево, во 2008 год. Во својство на визитинг професор, предавала на пост-дипломските студии „Феминизмот во транс-национална перспектива“, при Интер-универзитетскиот центар во Дубровник (Хрватска). Редовно настапувала на собири, во организација на Центарот за женски студии во Белград и соработувала со реномираните феминистички списанија “Pro Femina” и “Genero”, каде ги објавила своите прилози “Негативна утопија дома” и “Langhueur d’ amour: типолошка веза донжуанизма и нихилизма”. Ја превела, на македонски јазик, темелната книга од областа на родовите студии „Неволји со родот (Gender Trouble)“ од Џудит Батлер (Евро Балкан Прес, Скопје, 2002 год).

Емилија Петреска-Камењарова е магистерка по комуникации и дипломирана новинарка. Пред да почне да работи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, во 2002 година, работела како новинарка на радио, телевизија и во новинска агенција. Во моментов е раководителка на Одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата. Работи на прашања какви што се родот во медиумите, слободата на изразување и говорот на омраза, човековите права и професионалните стандарди, пристап до медиумите за лицата со сетилна попреченост, медиумска писменост, избори итн.
Има објавено повеќе дела и текстови за родот во медиумите, говорот на омраза, позицијата на медиумите во Република Северна Македонија, граѓанско новинарство. Држела обуки и работилници и била панелистка на следниве теми: медиумите и родот/женското тело, родови малцински групи, говор на омраза, право на приватност, медиумска писменост, клиентелизам во медиумите.

 

 

 

Кумјана Новакова работи на полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 год. Таа е ко-основачка на филмскиот фестивал Право Људски (Pravo Ljudski) во Сараево (2006), а го водеше и одделот за филм и видео на Музејот на современата уметност – Скопје (2018-2021). Има долгогодишно искуство во истражувањето, изложувањето и објавувањето во врска со филмот како медиум. Курирала филмска програма за многубројни филмски фестивали и филмски платформи како DOK Leipzig – Germany, États généraux du film documentaire de Lussas – France, Play-DOC, Tui – Spain, Rencontres Cinématographiques, Cusy – France, Culturescapes, Basel – Switzerland, Filmske mutacije – festival nevidljivog filma Zagreb, Прво па женско, Скопје, итн. Кумјана е вонредна професорка на одделот за документаристика и не-фикција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСКАК (ESCAC) во Барселона, како и на магистерските студии за филм на Холандската филмска академија во Амстердам (International Master’s Degree Programme -MA- Artistic Research in and through Film at the Netherlands Film Academy in Amsterdam). Предавала креативен документарен филм и на студиите за филм “film.factory” основани и водени од Бела Тар во Сараево при Сараевската филмска академија (Sarajevo Film Academy).

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • March 1, 2022
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram