Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.

Во последно време сум закачена на стендапи. На Нетфликс ги има во изобилство, а и можам да ги слушам додека правам нешто друго по дома. Искрено да кажам пред #metoo омилен комичар ми беше Луи Си Кеј и стварно ми е жал што го нема, но неговиот недостаток ми отвори нови хоризонти во светот на женските стендап комичарки.

Тука ми водат: безобразната Али Вонг која отворено зборува за маките во бременоста и мајчинството и цената која ја плаќаат жените кои решаваат да бидат мајки и да имаат кариера, згодната Витни Камингс која слатко ги премерува предизвиците на жените кои се борат за своите права, елегантната Кетрин Рајан со нејзината секојдневна борба со околината како самохрана мајка и слободна жена, откачената Ејми Шумер со нејзината вечна борба за прифаќање на женската сексуалност од општеството и женското тело од самите жени и призамјената Џен Киркман, која зборува за тоа што значи да се биде сама жена во овој машки свет.
Интересно е што поради таа машка доминација во светот на комедијата и тоа глупо бладање дека жените не се смешни, овој дел ми беше претходно непознат. Но очигледно тоа почна да се менува и некои комичари се почуствуваа засегнати.

Како што кажав, гледам се од стендап и старо и ново, но во последниве неколку Нетфликс специјали забележав еден тренд кој за жал не е тренд само во комедијата. А тоа е: потценувачки вицови за жени и #metoo движењето од „као“ либерални мажи. Последното шоу кое ми ја прелеа чашата беше на Бил Бр. Односно шоуто не ми ја прелеа, но реакциите на истото. Но, ајде од почеток.

Бидејќи Нетфликс знае дека гледам стендап, секогаш кога ќе излезе нов спешал ми го сугерира, така беше со последниот спешал на Дејв Шапел наречен „Дрвја и камења“. Дејв е многу ценет во светот на комедијата, но мене лично не ми е некој фаворит. Сака да помине со „забранети вицови“ за ранливи групи, како припадници на ЛГБТИ+ заедницата, па внесува расистички моменти и се разбира блага доза сексизам. Овој пат Шапел отиде малку подалеку, со критики на #metoo движењето, обвинување на жртви на сексуално насилство и несмасни шеги за транс луѓе како и сите останати од ЛГБТИ+ заедницата.

Интересно е што не познавам конзервативен комичар, (тука ќе ги одземеме очајните обиди на Тони Михајловски), но шеги кои потценуваат и потекнуваат од она ослободено либидо кога се чувствуваме подобри од некоја дискриминирана група, ама баш никогаш не ми биле смешни. Уште поинтересно е што ова шоу на извиканиот Шапел заличуваше на шоу кое би го направил конзервативен комичар.

Луѓето во публиката најчесто беа шокирани и токму тоа беше моментот кој тој се обидуваше да го искористи како своја силна страна: Јас сум без влакна на јазикот, го кажувам она што сите го мислите и не се плашам од вашата „култура на откажување“. Јас сум за слобода на говор и слобода да се зезаме. Попаметен сум од вас, ме бива за комедија и знам дека ќе фрлате дрвја и камења по мене, но токму тоа го критикувам…

На некој начин Шапел се обидуваше да ги прикаже сите богати селебритис кои беа и се засегнати од таа култура на „повикување“ или „откажување“ како жртви.
Вистината е што да, во моментов е толку богат и популарен што и нема многу од што да се плаши. Па им се смее на сите во фаца со самиот наслов на специјалот.

Ова помина во либералните кругови некако нејасно. Но овој тренд се повеќе се забележува кај голем број моќни либерални мажи, (и тоа не само со бела кожа, а типичен пример е Шапел, кој во целата таа палета на диверзитет е на страната на “загрозените”) што слободно може да го наречеме #hetoo movement.

Можеби ќе заборавев на овој инцидент да не се појавеше „Хартиениот тигар“ на Бил Бр. Нов Нетфликс специјал полн со предрасуди и антифеминистички закачки. Тој почнува со шеги за инвалиди за потоа полесно да влезе во целосно напаѓање на #metoo движењето нарекувајќи го движење на привилегираните бели жени, кои сè што имаат го имаат по заслуга на мажите кои ги издржуваат. Дури и им честита на конзервативните претседатели, кои според него, ги ставиле нивните жени на своето место.

Шоуто можам да го поделам на два дела: прв дел кај што го масакрира феминизмот, ги потценува жените и ја намалува вредноста на сведоштвата за сексуално вознемирување, до кулминативната реченица кај што прашува: Знаете ли што е смешно во врска со сексуалниот напад? – Што го одговара со објаснување како тој бил сексуално вознемирен и како на тоа другарите би му се смееле доколку би кажал. И втор дел кој се однесува на неговиот проблем со бесот и работата на себе да се поправи, што мене ми изгледаше како оправдување на психопат кој пробува да се извади од масакрот кој пред малку го извршил, со изјаснување дека е луд. Цел тој дел беше потреба за внимание, симпатија и емпатија за кутриот Бил кој има проблеми со бесот. И се разбира типувајќи на женската слабост кон послабите. До некаде и ја добива таа симпатија, зашто рецензиите тотално го забораваат неговиот сексизам и се фокусираат на неговата отвореност кон сопствената ранливост.

На крај на денот, шоуто на Бил и не ме шокираше толку, колку реакциите за него. За разлика од реакциите за Шапел кој беше далеку поблаг и само се трудеше да застане на страна на пријател му Луи си Кеј и братот Мајкл Џексон за да почувствува некаква безбедност за својата иднина, реакциите за шоуто на Бил беа неверојатно благи и полни со разбирање. Можеби затоа што е бел маж? Можеби, не знам.

Рецензиите на „Хартиен тигар“ почнуваа со ставот: ако ги поминете првите неколку минути на неговото шоу и не го исклучите ќе видите една длабока блаблабла…
Бил Бр сеуште се расфрлаше со сексистички вицови во целиот прв саат од шоуто, но јас не го исклучив, секогаш сакам да го разберам ставот на оние кои размислуваат различно од мене. Но дури и до крај на неговото шоу немаше ништо ново, ништо што може да го искупи за ставовите кои ги изнесе и кои, иако преку вицови, внесуваат сомневање во либералните кругови кон сопствената идеологија. Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
Но Бил ги дискфалификуваше сведоштвата на жените како нерасположение после лош дејт, каде што дечкото доцнел, па затоа она му ја уништува кариерата. Се разбира ова шоу е hilarius за сите момчиња на интернет кои се чувствуваат некако засегнати од движењето, па смислуваат нови хаштагови како #fuckmetoo, и се тапкаат по коментари со лајкчиња за тоа колку добро Бил им го спушти на жените.

Можеби некој ќе рече намам смисла за хумор, но со задоволство би препорачала добри стендап комичари, покрај женските погоре, кои се смешни без при тоа да вреѓаат некого: Доналд Гловер, Тревор Ноа, Вир Дас, Крис Д’елиа, Нил Бренан, Ванда Сајкс, Даниел Слос и незаборавниот Лу си Кеј. Да, точно Луи. Неговата комедија е безвременска, секогаш насочена кон самокритика и без омаловажување на другите. Неговиот акт не е поврзан со неговата креација и соодветно ги сноси последиците од тоа.
Од друга страна пак штетата која ја прават Бил Бр, Дејв Шапел и сличните како нив, нивното тотално дисквалификување на #metoo движењето (кое за прв пат започна отворено да зборува за акомодираноста на мажите да ја користат својата моќ за сексуално вознемирување) e како автоимуна болест, која напаѓа од внатре и е скоро неизлечлива.

Овие навидум „само шеги“ лесно влегуваат во мејнстримот и уште полесно се прифаќаат од оние кои веќе ја имаат моќта. Особено кога си сентиментално засегнат зашто другар ти настрадал поради сопственото лошо однесување. Но, доколку сакаме да станеме подобро општество, мора да задржиме високи стандарди за однесување.

Ова #hetoo движење го забележав и кај толку ценетиот и нежен Сем Харис, во еден разговор на неговиот подкаст, каде што отворено ја отфрла статистиката која покажува дека скоро половина од девојките во студенстки домови биле жртви на дејт-рејп. Кај нас Сем не би влегол ни во категоријата студенти кои ја разменуваат опаската: „многу секс паѓаше во студенсткиот дом, само што нас не нè викаа“. Според ова може да заклучиме дека типот со својот mindfulness project тотално е надвор од реалноста.

Пред неколку дена популарниот гиковски професор Ричард Сталман, идол на сите борци за слободен софтвер, ја напушти професорската позиција од МИТ универзитетот, поради изјави поврзани со бранење на сексуални напади на малолетници. Ова силно ќе ја погоди и онака претежно машката изолирана популација на компјутерџии и ќе го зголеми бесот кон единственото масовно женско движење кое се труди да ја покаже позицијата на жените во општеството.

Во ваквиот развој на настаните треба да останеме издржливи и да сфатиме дека без разлика на сè, треба да знаеме што е право, а што не, и која е целта на таа борба. И сакам да им порачам на сите мажи кои можат ова да го разберат, да не се чувствуваат како обесмаскуленети машки феминисти – како што Бил Бр пејоративно се обиде да ги претсави, туку како луѓе кои веруваат во правда и еднаквост и заедничка борба за подобро утре за сите други луѓе.

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска Танеска
  • September 26, 2019
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Случај на силувано девојче во Задар: Борба против системот кој понижува, уценува и лаже
Во овој момент најважно е да се прати порака за поддршка на девојчето, дека не е сама и да се прати предупредување за односот на системот кон сексуалното насилство и лицата кои го преживеале.
  • Од Сибел Амет
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога го дизајниравме Комитет, дизајниравме за себе и нашите пријатели: Интервју со Никола Николовски и Дамјан Кокалевски
ЛГБТИ заедницата во Скопје нас лично ни има дадено многу. И како дел од таа зедница која со години е исфрлана и терана да мигрира од еден во друг простор, нема поголемо задоволство да се дизајнира простор кој ќе биде дом за сите нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram