Дрвото на гневот толку многу корени има
што понекогаш гранките се кршат
пред да родат.
Седнати во Недикс
жените се збираат пред марш
дискутирајќи ги проблематичните жени
што ги најмуваат за да ги ослободат.
Еден речиси бел келнер го одминува
братот што чека за први да ги услужи
а дамите ниту ги забележуваат ниту ги одбиваат
понежните задоволства на своето ропство.
Но јас поробена од сопственото огледало
и сопствениот кревет
го гледам коренот во бојата
и половиот однос
и тука седам размислувајќи
кое мое јас ќе ги преживее
сите овие ослободувања.